Како што пренесува „Дејли Меил“ српскиот репрезентативец Александар Коларов ги прекршил сообраќајните правила така што возел над дозволеното.
Левиот бек на Манчестер Сити на место каде што било предвидено да се вози со 60 километри на час, возел 82 километри на час. Бидејќи, ова не е прв прекршок на Коларов му се заканува одземање на возачката дозвола.
Српскиот репрезентативец веќе еднаш е фатен за брзо возење, но тогаш платил казна од 1.800 фунти.
Коларов во понеделникот требало да се јави на суд, но не го направил тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Хет – трик на Агуеро за нова победа на Манчестер Сити (видео)
-
Гвардиола: Сити фаворит за титулата во Лигата на шампионите, не знаев дека Меси игра за нас


