| четврток, 6 декември 2018 |

Иринеј и СПЦ: Правете геј парада во Белград, но со свои пари

Српската православна Црква и нејзиниот Патријарх Иринеј порачаа денеска дека се против геј парадата во Белград, односно дека Србија не треба да го финансира ваквиот настан.

PATRIJARH IRINEJ

– Имате право да парадирате, но само на свој трошок, односно на трошок на вашите налогодавачи, како и да се викаат, но не на трошок на Србија која е бомбардирана, разорена, морално и економски осакатена, осиромашена, поплавена, на столбот на срамот прикована –  се наведува во соопштението на СПЦ што го потпишал патријархот Иринеј.

СПЦ и оваа година го осуди најавеното одржување на геј парадата на која гледа како на неморален собир наметнат на Белград и Србија.

– Ако хомосексуалноста е оправдано определување и треба да се пропагира, зошто истото не важи и за педофилијата која е масовно раширена во западниот свет или инцестот…Зошто е нивното право помало од таканареченото право на вашатата сексуална (дез)ориентација – се наведува во соопштението на СПЦ.

Геј парадата е закажана за во недела на 28 септември со што би се завршила „Неделата на гордоста“ која започна вчера.

Како што беше неколку пати кажано од српската влада, парадата треба да се одржи оваа година, иако се уште се чека на безбедносните проценки за да биде донесена конечна одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top