Најдобрата тенисерка на светот и неприкосновената Серена Вилијамс го предаде мечот од второто коло на ВТА турнирот во Вухан против французинката Ализ Корне при водство од 6-5 во гемови во првиот сет.
Серена Вилијамс почувствувала вртоглавица и знаци на несвестица и побарала од главниот судија да го прекине натпреварот.
Ова е вторпат оваа сезона Вилијамс да прекине натпревар поради истите симптоми. Таа на Вимблдон во игра на двојки со незјината сестра Венус делуваше дезориентирано и мораше порано да се повлече во соблекувалната. По подолгата пауза која ја направи и бројните лекарски прегледи, таа се врати на терените и беше супериорна на последниот грен-слем турнир отвореното првенство САД, освојувајќи го без поголеми проблеми.
Освен Серена Вилијамс и срспките тенисерки Ана Ивановиќ и Јелена Јанковиќ мораа предвреме да го завршат настапот на турнирот во Вухан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


