| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ го „продал“ водоводот во Охрид и на градот му ги оставил долговите

Непромисленото прашање на опозоцијата откри шокантен договор кој Охрид го носи во финансиско ропство под шпанска ”Аквалија”, објави порталот „Охрид 1“.

Поранешната власт на СДСМ и коалицијата целосно ја завршила процедурата за продажба и приватизација на ЈП ‘’ Проаква ‘’ и ЈП ‘’Нискоградба’’ и градот го довела пред свршен чин или да потпише крајно штетен договор кој би се спроведувал и би предизвикувал штети цели 40 години,  или да плаќа казнени пенали.

Ова беше откриено вчера на седницата на Советот на Општина Охрид , каде градоначалникот Никола Бакрачески одговарајќи токму на прашање на советникот Дејан Блажески од ЛДП ги обелодени овие запрепастувачки податоци.

Советникот Блажески праша дали ќе се испуштаат работници од Проаква и што прави власта во Охрид за ова претпријатие, како и што се плановите за иднина ?

Градоначалникот Бакрачески одговори дека власта во Охрид веќе една и пол година прави се што е во законски рамки дозволено да го пролонгира потпишувањето на договорот со шпанската фирма Аквалија, кој е катастрофален по интересите на граѓаните на Охрид.

-Правиме се што е можно да го пролонгираме потпишувањето на договорот за продажба на ‘’Проаква’’ кој е катастрофален за граѓаните, а целата постапка за продажбата и текстот на договорот се завршени додека со Охрид владееше СДСМ – рече Бакрачески и продолжи:

-Овој договор кој е напишан на околу илјада страни,да го пишувал мојот 13 годишен син, кој не знае што е право и што е економија, сигурен сум дека ќе го напишеше подобро и во поголема корист на Охрид.  Со овој катастрофален договор, се предвидува фирмата Аквалија да ги добие сите не наплатени побарувања кои ги имаат ЈП ПРОАКВА и ЈП НИСКОГРАДБА , потоа да ги добие во иднина сите приходи од наплата за користење на вода, и одвод на отпадни води, долговите кои ги имаат Проаква и Нискоградба да останат на нив самите, поточно на градот, и овие две претпријатија да останат без никаков приход, со што или би отишле во стечај или би биле ликвидирани, а работниците би останале на улица – одговори од говорницата градоначалникот Никола Бакрачески.

Тој кажа дека власта во Охрид веќе една и пол година е во консултација со нај  експерти по право од Правен факултет во Скопје, кои сеуште ја анализираат обемната документација од постапката и договорот и треба да одлучуваат кое од двете зла е помало, дали се потпише договорот или да не се потпишува и да се платат пенали на фирмата ‘’Аквалија’’од  Шпанија.

Како дополнителен одговор на прашањето на советникот Дејан Блажески збор зеде и директорот на ЈП ПРОАКВА, Томе Паскалоски , кој кажа дека целата постапка е доведена до крај пред  Локалнтие избори 2013 година, и дека буквално сме ставени пред свршен чин.

Тој кажа дека доколку се реализира овој договор за кој власта од СДСМ ја завршила целосно постапката, тоа значи дека ЈП ПРОАКВА ќе остане без приходи, а со тоа и без вработени, целиот приход ќе замине во Аквалија, а на ПРОАКВА и НИСКОГРАДБА ќе им останат само долговите, со приход нула, што пак дефакто значи нивна ликидација и бркање на работниците на улица.

– Во договорот е предвидено за почеток водата да поскапи за 40 % , и овие пари директно да го зголемат приходот на Аквалија, а да удар по буџетот на граѓаните – изјави Паскалоски.

Интересно е да се напомене дека  додека Градоначалникот и Диркеторот ги изнесуваа аргументите за оваа реална закана, опозициските советници дофрлаа од место, дека тоа било во минатото, па дури и дека тие не знаеле за овој договор кој го реализирала нивната партија и коалиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top