1. Потрудете се сите ваши разголени фотографии да исчезнат од планетата Земја
2. Потрошете добар дел од платата на скапоцената чанта која ја меркате со месеци. Во брак, најверојатно за тоа ќе добиете вето.
3. Со еден топол разговор разделете се од сите екс дечковци и симпатии.
4. Отпатувајте некаде со другарките. Се што ќе направите надвор од границите на земјата, останува надвор.
5. Обавете ги сите оние ситни ритуали, како што е спиење во вашата куќа или повеќечасовен ноќен разговор со него или со другарките.
6. Безопасниот флерт со келнерот, тренерот по аеробик и слаткиот колега.. е дозволен уште само малку.
7. Простете му што не е совршен
8. Простете си себеси што не сте совршени
9. Ова е можеби последен пат да имате прилика да го наречете „мојот дечко“! Зарем не е секси тоа?
10. Доколку некогаш имате можност да ве „мува“ Бредли Купер, помирете се со фактот дека ќе морате да му кажете „не“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



