| четврток, 6 декември 2018 |

Модерни спартанци, Ивановиќ го освои Токио и веднаш се предаде во Вухан

Тенисерите и тенисерките веќе подолго се жалат на пеколниот ритам во кој се играат турнирите, а најновиот пример на Ана Ивановиќ само потврдува колку е тешко да се игра на врвно ниво. Модерните спартанци настапуваат од турнир на турнир, во трка за титули, бодови, пари, слава, но темпото е неиздржливо.

Ивановиќ вчера играше финале во Токио и со победа од 2-0 против Каролине Вознијачки ја освои титулата во Јапонија, а денеска наутро се префрли во Вухан, Кина, и настапи во првото коло против Анастасија Пављученкова. Српската тенисерка се обиде да одигра колку што може, но не издржа, па при резултат 5-7, 5-6 за противничката го предаде мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top