Според американските медиуми словенечките браќа Драгиќ ќе играат во ист клуб следната сезона. Постариот од браќата Горан веќе шест сезони со успех настапува НБА лигата. Од оваа сезона помладиот брат Зоран треба да се пресели преку барата и да игра заедно со брат му во Феникс. Последните две сезони 25-годишниот Зоран настапуваше во Уникаха во шпанската лига.
Редовен член е на словенечката кошаркарска репрезетанција, а натпреварот против Мексико на штотуку завршениот Мундобаскет беше оценет како префектен без ниту едно промашување од поле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


