Богатите Арапи ќе го спасуваат кралскиот клуб од долгови, а најголема жртва ќе биде стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Реал Мадрид должи дури 602 милиони евра, но раководството на тимот не се грижи премногу за тоа. Причина за такво нешто е понудата од Емирати од половина милијарда евра за промена на името на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во „Абу Даби“.
„Марка“ пренесува дека сѐ е договорено и дека Реал е на чекор до потпишување на најголемиот спонзорски договор во историјата на клубот. Договорот би бил потпишан на 20 години, а тимот од Мадрид секоја година до 2034 година би инкасирал по 25 милиони евра.
Инаку, богатите Арапи кои ја дале оваа понуда се сопственици на Меѓународна нафтена инвестициска компанија.
Останува само да се види како ќе реагираат навивачите на сето тоа, ако се знае дека стадионот го носи името на легендата на клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)


