| четврток, 6 декември 2018 |

Арапите купуваат сѐ по ред – „Сантијаго Бернабеу“ ќе се вика „Абу Даби“

Богатите Арапи ќе го спасуваат кралскиот клуб од долгови, а најголема жртва ќе биде стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид должи дури 602 милиони евра, но раководството на тимот не се грижи премногу за тоа. Причина за такво нешто е понудата од Емирати од половина милијарда евра за промена на името на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во „Абу Даби“.

„Марка“ пренесува дека сѐ е договорено и дека Реал е на чекор до потпишување на најголемиот спонзорски договор во историјата на клубот. Договорот би бил потпишан на 20 години, а тимот од Мадрид секоја година до 2034 година би инкасирал по 25 милиони евра.

Инаку, богатите Арапи кои ја дале оваа понуда се сопственици на Меѓународна нафтена инвестициска компанија.

Останува само да се види како ќе реагираат навивачите на сето тоа, ако се знае дека стадионот го носи името на легендата на клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top