Прашањето за името била една од темите на вчерашниот состанок меѓу грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, во Њујорк, јави дописникот на МИА од Атина.
– Нашиот став е многу јасен. Националната позиција е во корист на сложено име со географска одредница, но пред сѐ, за внатрешна и за надворешна употреба, ерга омнес – изјави Венизелос по средбата.
Тој потсети дека пред неколку недели се сретнал со посредникот Метју Нимиц во Атина и додаде дека Грција е „подготвена да учествува во наредните состаноци“ и го поддржува процесот.
– Ние направивме многу чекори, креативни – рече шефот на грчката дипломатија и додаде дека се очекува другата страна да направи соодветни чекори со добра волја и продуктивно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.