| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус со минимална победа славеше на дербито на „Сан Сиро“ (видео)

Milan vs Juventus

Актулениот шампион на Италија екипата на Јувентус во третото коло во Сериа А во дербито на колото славеше на гостувањето кај Милан со минимални 1-0.
Карлос Тевез беше играчот кој успешно стрелаше во мрежата на ветеранот Абиати по проигрувањето од Пол Погба во 74 минута. Поранешниот тренер на Милан кој сега прв човек на клупата на Јувентус Алегри се врати на „Сан Сиро“ и заслужено ги осви трите бода. Новиот тренер на Милан легендата на клубот Пипо Инзаги во финишот од натпреварот го внесе во игра и новото засилување Фернандо Торес кој се очекува во текот на сезоната да ја врати старата форма и да блесне во дресот на Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top