Актлуениот шампион на Германија гигантот Баерн Минхен не успеа да слави против „фенерџијата“ во Бундес лигата тимот на Хамбургер одигрувајќи слаб натпревар без голови.
Во четрвртото коло нд германскиот шампионат оваа година Баерн по втор пат не се радуваше на победата откако во второто коло одигра нерешено со Шалке 1-1.
Избраниците на Пеп Гвардиола на денешниот дуел против Хамбругер ја имаа иницијативата и создадоа многубројни шанси за гол, но ниту еднаш не успеаа да ја затресат мрежата на денеска фантастичниот голман на домаќините Дробни.
Сепак и со денешниот бод Баерн ја дели првата позиција на табалата со осум бодови заедно со Хофенхајм и Падерборн.
Најголемите конкуренти за титулата на Баерн за титулата Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен своите натпревари од четвртото коло ги играат подоцна.
Во останатите денешни натпревари: Аугсбург – Вердер 4-2, Падерборн – Хановер 2-0, Шалке – Франфурт 2-2, Штургарт – Хофенхајм 0-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


