| четврток, 6 декември 2018 |

Гранатирана фабрика за муниција во Украина

донецк

Силна експлозија одекна во Доњецк кога граната погоди фабрика за муниција и експлозиви, недалеку од рускиот конвој со хуманитарна помош, јави телевизијата Раша тудеј.
Според РТ нема жртви и повредени, а експлозијата во источниот дел на Украина била проследена со голем бел облак чад.
Погодената фабрика во Доњецк служи за производство на експлозиви и муниција, како и за демонтирање на неексплодирани бомби, собрани од боиштата.
Гранатата директно го погодила објектот со експлозиви, што предизвика уште една експлозија.
– За среќа не е погодена главната хала, каде се сместени два ипол тони експлозив – изјави Иван Проходко, заменик претседавач во градското собрание. Според него, предизвикана е голема материјална штета, но никој не е повреден.
Се шпекулира дека украинската војска лансирала тактичка ракета „Точка“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top