| четврток, 6 декември 2018 |

Обама ќе бара од Он поширока коалиција против „Исламска држава“

омаба

Американскиот претседател Барак Обама планира следната недела пред Генералното собрание на Обединетите нации да ги изнесе своите намери во врска со „Исламската држава“ и да побара поголема меѓународна поддршка во
борбата против таа екстремистичка група.
– Нема да се двоумиме да преземеме акција против тие терористи во Ирак и Сирија. Но тоа не е битка само на Америка – изјави Обама за терористичката група која досега зазеде големи делови од територијата на двете соседни земји.
– Ние ќе предводиме широка коалиција на нации кои учествуваат во оваа борба. Ова не е случај „Америка против ИСИЛ“, туку случај „народот на тој регион против ИСИЛ“ – додаде Обама.
Тој наведе 40 земји кои досега предложиле да помогнат на широката коалиција против ИД, обезбедувајќи обука, опрема, хуманитарна помош и поддршка во воздушните напади.
– А оваа недела, во ОН ќе продолжат да го групирам светот против опасноста – порача Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top