Во Сингапур овој викенд се вози 14 трка од Формула 1 оваа сезона. Денеска се возеа квалификациите за пол-позицијата, а најдобар беше возачот на Мерцедес Луис Хамилтон. Британецот беше побрз во борбата за првата стартна позиција на утрешната трка пред својот клубски колега Нико Розберг за само седум илјадити делови од секундата и со време од 1.45.681 минути заслужено ја освои пол-позицијата.
На третото место за трката во Сингапур која се вози во ноќни услови се пласираше Даниел Рикардо со време од 1.45.854 додека вториот стартен ред го комплетираше актуалениот шампион Себастијан Фетел.
Од петтото до десеттото место се пласираа Фернандо Алонсо, Фелипе Маса, Кими Раиконен, Валтери Ботас, Кевин Магнусен и Данил Квјат.
Трката за големата награда на Сингапур која се вози на патеката „Марина Беј“ се вози утре со почеток во 14 часот по европско време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


