Невреме, проследено со врнежи и грмотевици се прогозира денеска за речиси целата територија на Хрватска и Босна и Херцеговина, поради што во Хрватска е издадено црвено предупредување на метеоаларм, а за поголемиот дел од БиХ портокалово.
Во Хрватска најголемо невреме е прогнозирано за Истра, Кварнер и Далмација. На овие подрачја се очекуваат врнежни од повеќе од 70 литри на квадратен метар, а во Далмација ќе им има силна бура.
Силното наоблачување од запад денеска ќе предизвика дожд и грмежи и во БиХ. Поројни дождови се очекуваат во Херцеговина, западните и централните подрчја на Босна поради што е издаден портокалов метеоаларм за поголемиот дел од БиХ, за регионите Бања Лука, Приједор, Ливна, Сараево и Мостар.
Според прогнозите Бања Лука и Приједор би можеле да бидат погодени од силно невреме, проследено со врнежи и силни грмотевици.
За останатите делови на БиХ е издаден жолт метеоаларм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


