
Со одличната изведба на претставата „Ла Мама кантата“ на американскиот Оф-оф Бродвеј театар од Њујорк во Младинскиот културен вечерва центар се отвори 39. издание на Меѓународниот фестивал „Млад отворен театар“ кој ќе трае до 26. септември.
Осумина актери и пејачи на скопската публика ѝ ја доволија филозофијата на славниот алтернативен театар кој постои повеќе од половина век. Весели, среќни, насмеани, овие актери и пејачи покажаа како се слави животот, потенцирајќи дека е многу важна индивидуалноста.
Елен Стјуарт го основала театарот „Ла Мама“ во 1961 година и нејзе уметниците кои биле под нејзина закрила ја викале „мама“, така што настанал театарот „Ла мама“. Со Стјуарт првите чекори во актерството ги направиле актери и режисер кои потоа станале ѕвезди како Роберт ден Ниро, Ал Пачино, Харви Кејтел, Мартин Шин, Били Кристел…
Ова не е прво гостување на „Ла Мама“ во Скопје, но е остварување на сонот на еден од основачите и долгогодишен селектро на програмата на МОТ, Љубиша Никодиновски-Биш, кој пред триесетина година лично ја запознал Елен Стјуарт.
На програмата на MOT вечерва, во 20 часот, во МКЦ, е изведбата на претставата „Алексис“, грчка трагедија на театарската трупа „Мотус“ од Италија. „Мотус“ е трупа формирана во 1991 година од Енрико Казагранде и Даниела Николо во Римини
Во 20 часот на малата сцена на Драмски театар е претставата „Д бјутифул“ на Петар Милошевски, морничава, исклучително визуелна, физичка, постдрамска и постбрехтовска претстава. В недела, во 18 часот, е перформансот на Теа Беговска „Контрола“, кој ќе се одвива во автобус на ЈСП што поаѓа од автобуска станица на „Симпо“. Во 19 часот, во МКЦ, е перформансот „Јас сум…“ на танчари од насоката за модерен и џез-балет на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Во 20 часот, во Театарот за деца и младинци, е претставата „Нашиот клас“ на режисерот Владимир Милчин. Во 21 часот, на сцената „Зебра“, е претставата „О(тело)“ на „Скопје танцов театар“ и на кореографката Рисима Рисимкин. Претставата се занимава со формата, телото и енергијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


