Пет девојчиња на возраст од само 14 години се породиле во 2013 година во скопските гинеколошки клиники и болници, истражува „Дневник“.
Децата што родиле деца живеат во скопските општини Kарпош, Гази баба, Чаир, Шуто Оризари, а едно девојче е од Свети Николе и дошло во Скопје за да се породи. Сите тие девојчиња се родени во 1999 година, значи дека кога ја добиле својата прва рожба во 2013 година, имале само 14 години, некои ни толку.
Сега, една година откако се породиле, младите мајки веќе ги проодуваат своите годиначиња, а нема информации дали тие се самохрани или и татко се грижи за детето што дошло на свет. Не се знае ниту дали мајките по деветмесечното отсуство, го продолжиле „престојот“ во училиштата или мора да работат со завршено само основно училиште за да ги прехранат своите првенчиња.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, бројот на живородените деца од мајки помлади од 20 години во Скопје бил најмал во 2013 година, кога имало 247 случаи на бременост кај девојки под 20 години. Оваа бројка била највисока пред 10 години – во 2004 година, кога биле бремени 349 девојки, во 2008 година изнесува 292 случаи, а последниве три години – од 20011 до 2013 – имало од 272, 271 до 247 бремени помлади од 20 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


