| четврток, 6 декември 2018 |

Куисманен: На македонската економија ѝ оди многу добро

mika
– На македонската економија ѝ оди многу добро. Економскиот пораст ќе биде 3 или 3,5 проценти, што е прилично повисоко од европскиот пораст, што, се разбира, е добро за Македонија – оцени директорот на одделот за проекции во Министерството за финансии во Финска, Мика Куисманен, кој е дел од твининг-проектот за зацврстување на капацитетот на македонското Министерство за финансии за макроекономска анализа и формулирање на политика.
Според него, проекциите за пораст за следната година од 4 проценти ќе се исполнат, ако се земе предвид климата во Европа.
– Иднината на македонската економија споредено со другите економии во Европа е ветувачка. Предизвикот во иднина за Македонија би бил како најдобро да ги искористи ресурсите, да го унапреди пазарот на работна сила и да продолжи со добрите политики на привлекување странски директни инвестиции – изјави Куисманен.
Нагласувадека мерките што ги презема Владата одат во добра насока и покажале дека решаваат добро повеќе прашања.
Европската банка за обнова и развој вчера го објави Извештајот за економските изгледи за земјите од ЈИЕ во кој Македонија има најголем пораст за наредната година.
– Изгледите на Македонија се зголемени поради подобрата перспектива за големи јавни инфраструктурни објекти – стои во извештајот на ЕБОР.
Во Буџетот за 2015 се предвидени капитални инвестиции во износ од 340 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top