Европската куќа на фудбалот, на сугестија на делегатот на натпреварот меѓу Партизан и Тотенхем, Холанѓанецот Јохан ван Кутерик, покренала постапка против српскиот клуб поради тоа што за време на мечот на јужната трибина навивачите на Партизан истакнале транспарент „Only Jews and pussies“ („Само Евреи и п…и“).
Логото на транспарентот е од прочуената британска серија „Only fools and horses“ („Само лудаци и коњи“).
Како што пренесува „Еуроспорт“, УЕФА покренала истрага откако транспарентот го забележале членовите на делегацијата на Тотенхем. Делегатот на натпреварот, Холанѓанецот Јохан ван Кутерик, со својот фотоапарат го забележал овој детаљ.
За потсетување, Тотенхем е клуб кој е сместен во делот на Лондон во кој најголем број од жителите се Евреи.
Британските медиуми во своите извештаи од натпреварот најмногу простор му посветија токму на овој инцидент, со потсетување дека Партизан во 2007 година поради инцидентот на навивачите во Мостар бил исфрлен од Купот на УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Тотенхем со пет гола во мрежата на Стоук ја прекина црната серија во Англија
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа
-
Единаесет екипи обезбедија пласман во нокаут фазата на Лига Европа


