| четврток, 6 декември 2018 |

Десет неверојатни теории за вонземјани

Од тоа дека веќе контактирале со луѓето, вршат експерименти на нас, нè  набљудуваат или чекаат да еволуираме, откријте ги десетте најпопуларни теории за вонземјаните.

1. Теорија на зоолошка градина – човештвото го набљудуваат вонземјани, кои имаат исклучителна интелигенција. Не контактираат со нас за да не се вмешаат во развојот на животот на Земјата, а можноста за контакт постои ако еволуираме во напредни суштества.

2. Теорија на спори – вонземјаните на Земјата испратиле спори што еволуирале во некои форми на живот. Тоа го прават со помош на астероиди и други летачки објекти на кои ги прицврстуваат бактериите и целат на планети на кои може да се создаде живот.

3. Договор со вонземјаните – технолошки супериорните вонземјани ја контактирале американската влада уште во 1948 година, па со неа направиле договор во кој вонземјаните ја дале својата развиена технологија, а ние на нив право да експериментираат на човечката популација.

4. Заговор „Франклин“ – Британците ги прикриле трагите на џиновски раси на канадскиот Арктик. Тие, наводно, се вонземјани, а одговорни се за смртта на загубената експедиција на Арктикот во 1840 година.

5. Месечината како вселенски брод – Месечината е шуплив вселенски брод доведен до Земјата пред 11.000 години. Внатре во неа живеат вонземјани и манипулираат со нашите мозоци.

6. Движење Раелијан е верско здружение кое проповеда дека животот на Земјата го создале вонземјани кои се викаат Елохим. Тие често ја посетуваат Земјата, но тие се заменети со богови и ангели.

7. Хитлеризам – Ариевска раса кои се потомци на вонземјански вид која се парела со човековиот вид. Според таа теорија Хитлер се крие со тие вонземјани и го чека времето за 4 Рајх.

8. Елита на рептили – вонземјани кои се рептили и имаат способност да го менуваат обликот, го поробиле човештвото и ги поставиле вонземјаните во социјалните, политичките и финансиските елити на Земјата. Наводно, некои од нив се и британската кралица, Џорџ Буш и други.

9. Луѓе во црно – тие навистина постојат, го кријат секое дејствување на вонземјаните на нашата планета, а и меѓу самите агенти се наоѓаат вонземјани.

10. Праисториски вонземјани – тие во текот на историјата често ја посетувале Земјата и и помогнале во изградба на пирамидите, како и на Стоунхенџ, а доказ за нивното постоење наводно е издлабен на ѕидовите на пирамидите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top