Бранителот на трофејот во Европа Лигата на УЕФА, Севилја со победа од 2-0 го почна новиот циклус натпревари, а вистински подвиг и тоа уникатен во еврокуповите вечерва приреди Стеауа, со 6 погодоци во период од само 20 минути. Од 52. до 72. минута фудбалерите на романскиот шампион ја наполнија мрежата на Олборг од Данска и фазата по групи ја почнаа со триумф од 6-0. Кесеру постигна 3 гола, Русеску на двапати беше прецизен, а Санмартеан постигна еден погодок.
Хет-трик како и Кесеру вечерва постигнаа Атанасијадис за ПАОК во триумфот од 6-1 против Динамо Минск и Алжирецот Судани за Динамо Загреб во победата на популарните „модри“ од 5-1 над Астра од Романија.
Резултати, 1. коло: Аполон – Цирих 3-2, Бешикташ – Астерас 1-1, Бриж – Торино 0-0, Динамо Загреб – Астра 5-1, Дњипро – Интер 0-1, ФК Копенхаген – Хелсинки 2-0, Борусија Мехнехенгладбах – Вилјареал 1-1, Панатинаикос – Динамо Москва 1-2, Партизан – Тотенхем 0-0, ПСВ – Ешторил 1-0, Фиорентина – Генган 3-0, Легија – Локерен 1-0, Лил – Краснодар 1-1, Металист – Трабзонспор 1-2, Наполи – Спарта 3-1, ПАОК – Динамо Минск 6-1, Рио Аве – Динамо Киев 0-3, Севилја – Феенорд 2-0, Стандард – Риека 2-0, Стеауа – Олборг 6-0, Јанг Бојс – Слован 5-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


