| четврток, 6 декември 2018 |

Еболата зарази над 5.300 лица

ебола лекБројат на жртвите на вирусот на еболата во земјите од Западна Африка достигна до 2.630 лица, соопшти денеска Светската здравствена организација, додавајќи дека досега од оваа зарзана болест се регистрирани вкупно 5.357 заболени.

Во соопштението се нагласува дека 45 проценити од случаите на заразување се регистриани во последните три недели и тоа пред се во Либерија, Сиера Леоне и во Гвинеја, кои се најтешко погодени од епидемијата.

Покрај во овие три држави болеста е регистриана и во Нигерија, каде досега има осуммина починати и 21 заболен, како и во Сенегал, каде има еден инфициран од вирусот на еболата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top