Најтрофејниот македонски фудбалски колектив ФК Вардар се засили со услугите на македонскиот репрезентативец Горан Попов во следните три години.
Попов денеска стави потпис на договорот во просториите на Вардар по раскинувањето на договорот со Динамо Киев кој беше со важност до 2016 година.
Тој ќе има право на настап од 1 јануари 2015 година, а дотогаш Попов ќе настапува во лигата за Б-екипи, и преку тоа натпреварување ќе има можност да влезе во натпреварувачки ритам.
Попов потекнува од фудбалската школа на Беласица од Струмица, има забележано 46 репрезентативни настапи и има постигнато 2 гола за репрезентацијата.
Во 2008 година Попов настапуваше за Херенвен од Холандија каде што помина две години и го освои холандскиот куп за потоа да направи трансфер во Динамо Киев со кого од 2010 до 2012 година настапуваше во Лигата на шампиони и го освои украинскиот Суперкуп, за потоа една година да биде позајмен во екипата на Вест Бромвич Албион во Премиерлигата во Англија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вардар испиша историја со најновиот ранкинг на УЕФА
-
Поранешен фудбалер моли за помош: Беше дел од „златниот“ Вардар, а сега трпи за леб (видео)
-
Муслиу си поигра мајтап со Вардар: Ќе потпише со Приштина, па веднаш на позајмица во Шкендија
-
Јаневски: Мора добро да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната, целта е нов трофеј


