Тодор А. (62) од Кочани е убиен синоќа, а за кривичното дело осомничена е неговата сопруга.
Убиството во полиција е пријавено синоќа околу 22.30 часот, од страна на синот, кој го понашол својот татко како лежи облеан во крв во дворот на семејната куќа.
Сопругата на Тодор А., М.А. (60) е осомничена за убиството. Полицијата се сомнева дека таа со шипка му нанела удари на мажот во предолот на главата и на телото.
Причина за убиството, најверојатно, се брачните несогласувања меѓу сопружниците.
Полицијата ја привела М.А., а телото на починатиот е предадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија


