| четврток, 6 декември 2018 |

Тери: Не го направивме тоа што Мурињо го бараше

Фудбалерите на Челси одиграа нерешено 1-1 на првата средба од Лигата Шампиони, откако синоќа на домашен терен не успеаја да ја совладаат екипата на Шалке.

Капитенот на „сините“ Џон Тери, верува дека недостаток на целиот план на неговата екипа е тоа што одредени играчи не си ги завршиле зададените задачи.

– Мурињо ни укажа на тромавост во финишот на првиот дел и дека не го правиме тоа што го бара. Разочарани сме поради фактот што ги изгубивме трите бода во првиот натпревар дома – изјави Тери.

Според Тери наведената тромавост може да се гледа од аспект на настапите во Премиерлигата.

– Четири натпревари во Премиерлигата игравме одлично, ги прегазивме противниците. Сега не успеавме да го казниме противникот и разочарани сме поради голот што го примивме – додаде Тери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top