Шеесет и двегодишниот Тодор А. од Кочани е убиен синоќа, а за делото полицијата ја сомничи неговата сопруга.
Настанот бил пријавен во 22.30 часот, откако синот го пронашол таткото облеан во крв во дворот од семејната куќа.
Полицијата за убиството ја сомничи неговата сопруга, 60-годишната М.А., која со метална прачка му нанела удари на мажот во пределот на главата и на телото. Причината за убиството се, најверојатно, брачните несогласувања што ги имале сопружниците.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, а полицијата ја привела сопругата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка



