Кире Маркоски, таткото на 23-годишната Дениса Маркоска, која во петокот исчезнала на брод во Грција, сериозно вознемирен бара да се реши случајот, пренесува „Утрински весник“.
Пред два дена капетанот на бродот ми јави дека ќерка ми исчезнала, веднаш пријавив в полиција, но од тогаш до денеска ништо не е преземено. Барам државата да се вклучи и да се пронајде ќерка ми – вели Маркоски.
Колега на Дениса, вчера вечер, му ги предал на семејството нејзините лични работи, куферот, многубројни подароци, кои таа ги купувала во овој период додека работела на брод.
– Последен пат ја видел еден од колегите, на задниот дел од бродот, на палубата таа пушела цигара, тоа било во 3.00 часот, а таа веќе во 5.30 часот требало да биде на работно место. Но, до тогаш никој не ја видел, а телефонот ѝ е пронајден на палубата на бродот. Работеше на овој брод две години, на истиот брод беше и брат ѝ, па по него и таа почна да работи. Сите ги познаваше, беше безбедно, затоа е чудно за сите што се случи со ќерка ми, раскажува нејзиниот татко Кире за „Утрински весник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.