| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредување од Мадрид: Шкотланѓани не брзајте, видете како помина Хрватска!

Настојувањата на Шкотска да стане независна, како што своевремено таква идеја постоеше во Каталонија, го поткопува европскиот дух, рече шпанскиот премиер Маријано Рахој, еден ден пред референдумот во Шкотска.

– Сите во Европа веруваат дека таквите процеси се крајно негативни – рече Рахој. Тие процеси се мини за европскиот дух, бидејќи Европа е замислена да ги интегрира државите, а не да ги подели.

Тој предупреди дека независна Шкотска не би можела да очекува стапување во членаство во Европската унија, а неговиот министер за надворешни работи додаде дека шкотската сецесија би претставувала катастрофа.

– Би дошло до балканизација, која во Европа, во моментов, никој не ја посакува. Обединетото Кралство би било оштетено, а неговиот политичко-економски престиж во светот би бил загрозен, а на Европската унија ѝ треба Обединетото Кралство – рече шпанскиот шеф на дипломатијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top