Вечерва на програмата се уште осум натпревари од првото коло од Лигата на шампиони.
Се очекува деби настап во групната фаза од елитното натпреварување да има македонскиот репрезентативец во дресот на Марибор, Агим Ибраими. Марибор вечерва пред своја публика го дочекува португалскиот тим Спортинг. Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими е еден од најдобрите играчи на Марибор и ќе биде дел од почетниот тим на вечерашниот дуел од групата Г.
Во вториот меч од групата, Челси на „Стемфорд бриџ“ ќе се сретне со Шалке, со кого играше и минатата сезона и славеше убедливо со 3:0. Во центарот на вниманието е голгетерот на „сините“, Диего Коста, кој постигна седум гола на четирите одиграни меча за Челси.
Дербито се игра во групата Е каде што Баерн Минхен и Манчестер Сити ќе ги одмерат силите на „Алијанц арена“. Двата тима имаат пет меѓусебни средби во ЛШ од 2011 и 2013 година, а гол количникот е во корист на Баварците (9-7).
Рома на „Олимпико“ ќе се сретне со ЦСКА Москва.
Барселона е апсолутен фаворит во дуелот со АПОЕЛ, додека интересен меч ќе се игра на „Амстердам арена“ каде што Ајакс за противник го има ПСЖ со Златан Ибрахимовиќ, кој ќе игра против својот поранешен клуб.
Двојки за дуелите закажани за вечерва од 20 часот и 45 минути:
Група Е: Баерн – Манчестер Сити и Рома – ЦСКА Москва.
Група Ф: Ајакс – ПСЖ и Барселона – АПОЕЛ.
Група Г: Челси – Шалке и Марибор – Спортинг.
Група Х: Атлетик Билбао – Шахтјор и Порто – Бате Борисов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.