Никол Ваидишова повторно игра тенис, по пауза од речиси пет години, а неочекуваното враќање на тениските турнири го имаше вчера во Албукерк. Чешката тенисерка победи со 2-0 во сетови, со што имаше успешен нов старт во походот кон врвот на ВТА листата. Ваидишова беше еден од најголемите таленти во светот на женскиот тенис, има само 25 години и според квалитетите што ги презентираше во минатото има добри изгледи да се врати на старите позиции. Најдобар ранкинг и е 7. место на светската ранг-листа, а контроверзната врска со Радек Степанек, кој беше постар од неа десетина години беше една од главните причини Ваидишова да престане да игра тенис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


