| четврток, 6 декември 2018 |

Се урна потпорен ѕид на тетовска црква

koltuk

Лизгање на земја беше причината да се урне потпорен ѕид од камења од дворот на црквата „Свети Никола“ во тетовската населбан Колтук. Лизгањето на земјата, освен ѕидот, оштети и дел од патот што води кон ридот Балтепе и населените места Селце и Лавце, јави тетовската телевизија „Кис“.

Црковниот одбор ангажираше механизација за да се расчистат земјата и камењата што се урнаа и паднаа на спортското игралиште. По расчистувањето, ќе почнат активности за санација на ѕидот, а овој пат  одборот има намера да изгради бетонски ѕид.

Од одборот велат дека е добредојдена и помош од граѓаните и градежните компании. Се надеваат дека поскоро ќе се реши проблемот со оглед на опасноста бидејќи е оштетен и патот над црквата, а постои ризик земјата уште да паѓа во дворот на црквата каде што, пак, често престојуваат деца од населбата

Се претпоставува дека интензивните врнежи изминатиот период придонесоа за појавата на лизгање на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top