| четврток, 6 декември 2018 |

Министерство за здравство: Нема инсулинска криза

zdravstvo-486x272

Инсулинска криза нема, реагира Министерството за здравство на изнесените тврдења за наводна инсулинска криза и недостиг на инсулин за корисниците во земјава.
„Ниту еден пациент со дијабетес, ниту беше оставен, ниту е оставен, ниту ќе биде оставен без потребната инсулинска терапија. Министерстсвото за здравство одговорно тврди дека инсулинска криза нема, немало и нема да има!“, пишува во соопштението од Министерството.

Оттаму додаваат дека за сите пациенти со дијабетес мелитус во земјава има обезбедено континуирано снабдување со инсулинска терапија.

„Инсулинската терапија е навремено испорачана во здравствените установи и секаде ја има во доволни количества. При тоа, го задржуваме исклучително високото ниво на грижа за лицата со дијабетес и високиот удел на најсовремени инсулини во Република Македонија. Нашата земја е лидер во регионот и може да се споредува со најразвиените здравствени системи во поглед на квалитетна инсулинска терапија“, додаваат од Министерството.

Оттаму нагласуваат дека терминот „инсулинска криза“ е намерно измислен и е дел од добро смислено сценарио во кое, како што велат, се гледа дека „и СДСМ си ја одигрува својата улога“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top