| четврток, 6 декември 2018 |

Лица со Даунов синдром помагаат на фестивалот „Браќа Манаки“

манаки постер

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ објавува дека годинава по четврти пат за време на траењето на фестивалот се организира хуманитарната акција со која се собираат средства преку продажба на фестивалски материјали и предмети.

– Досега во оваа акција е собран одреден фонд кој на крајот од фестивалот ќе биде дониран онаму каде што е најпотребно – велат од организацискиот одбор.

Освен тоа, фестивалот од годинава почнува и кампања на вклучување на лицата со Даунов синдром во рамки на фестивалот, а во корелација со организацијата „Даунов центар“ од Скопје и разгранокот во Битола. Дел од лицата ќе им се приклучат на тимот во фестивалската организација, а поголем дел ќе ги посетуваат филмските проекции.

– Исклучитечно впечатлива годинава е Вип детската програма. Заради огромната побарувачка и восхитувачките реакции на децата, освен проекциите во 10 часот, фестивалот додаде „Кино утро“ односно уште една дополнителна проекција на филмовите со почеток од 8.30 часот – додаваат од „Браќа Манаки“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top