Украинскиот парламент денеска ја ратификува спогодбата за асоцијација со ЕУ. Истовремено и европарламентот со мнозинство гласови ја ратификува спогодбата за асоцијација со Украина.
За Киев и ЕУ ова е историски момент.
Украинскиот парламент исто така го усвои и законот со кој им се дава специјален статус на источните региони во Украина. Овој закон е во рамките на напорите за завршување на конфликтот со проруските активисти.
Според законот, регионите на Донецк и на Луганск би добиле право на самоуправа во наредните три години, а до крајот на годинава би се одржале предвремени локални избори. Усвоен е и посебен закон за амнестија на бунтовниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Европратениците не се обврзани на транспарентност за додатоците
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија