| четврток, 6 декември 2018 |

Европскиот и украинскиот парламент ја ратификуваа спогодбата за асоцијација

Украинскиот парламент денеска ја ратификува спогодбата за асоцијација со ЕУ. Истовремено и европарламентот со мнозинство гласови ја ратификува спогодбата за асоцијација со Украина.
Evropski parlament
За Киев и ЕУ ова е историски момент.
Украинскиот парламент исто така го усвои и законот со кој им се дава специјален статус на источните региони во Украина. Овој закон е во рамките на напорите за завршување на конфликтот со проруските активисти.
Според законот, регионите на Донецк и на Луганск би добиле право на самоуправа во наредните три години, а до крајот на годинава би се одржале предвремени локални избори. Усвоен е и посебен закон за амнестија на бунтовниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top