
Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски, која од вчера е во неколкудневна посета на Република Турција, денеска ќе учествува на бизнис-форум што ќе се одржи во градот Ескишехир.
На бизнис-форумот ќе бидат презентирани поволностите што им се нудат на странските инвеститори за отворање бизнис и нови работни места во Македонија.
Владината делегација наредните денови ќе присуствува и ќе се обрати и на бизнис-форуми во турските градови Анкара, Адана и Мерсин.
Во среда се очекува да бидат остварена средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со турскиот премиер Ахмет Давитоглу.
Вчера, поволностите што ги нуди Македонија беа презентирани пред бизнисмени од Коџаели.
Во составот на владината делегација се и министрите без ресор за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и Фуркан Чако, како и заменик-директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Климент Шекеровски.
Турција е меѓу 10-те најзначајни трговски партнери на Македонија. Во 2013 година, Турција е на деветто место, а странските директни инвестиции во последните две години изнесуваат 44 милиони евра. Турција спаѓа во групата на брзорастечки економии во Европа, со пораст на општествениот бруто-производ од четири проценти во минатата година и е една од 20-те најголеми економии во светот. Водечката улога која Турција ја има во областа на изработката на елементи од автомобилската индустрија, електронските уреди, текстилот и градежните материјали ја прават атрактивна дестинација од која може да се преземат искуства, но и во која има потенцијални бизнис партнери, кои размислуваат да го прошират својот бизнис надвор од границите на Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат


