| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кина во еден ден се распаѓаат 10 илјади бракови

pensacola-divorce-forms
Во Кина секојдневно се распаѓаат десетици илјади бракови, а причините се од емотивна и финансиска природа. Според податоците на Министерството за граѓанска администрација, во 2013 година барање за развод предале повеќе од 3,5 милиони двојки, што е скоро 13 отсто повеќе од претходната година.
Кинеската поговорка вели „Подобро да срушиш десет храма отколку да разрушиш едно семејство“.
Пред неколку децении поголемиот дел од киниските семејства се придржувале на овој став.
Главна причина за развод, според неофицијални статистики е неверството на сопружниците.
Во Кина љубовницата е прашање на статус. Ако ја нема, чиновник на висока позиција или бизнисмен е предмет на потсмев.
Уште една сериозна причини за развод во Кина е политиката на таа земја „едно семејство – едно дете“. Подоцна во животот се покажува дека тие што немаат брат или сестра не се во состојба да го совладаат егоизмот и да се согласат на компромиси.
Во Кина во 2011 година е воведена нова правна одредба – сиот имот кој е стекнат пред бракот или е купен со пари од родителите на едниот од сопружниците по свадбата му припаѓа на оној кој го платил. Значи имотот стекнат во брак во Кина може да се подели само ако се докаже дека е купен со заеднички пари. Ова е направено за да се сведат на минимум бројот на бракови од интерес.
Сепак, 20 отсто од 3,5 милиони барања за развод минатата година завршиле по долги судски спорови бидејќи сопружниците не можеле мирно да го поделат имотот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top