Авион на компанијата „Малезија ерлајнс“мораше да се врати на аеродромот во Куала Лумпур и принудно да слета заради дефект на системот за автоматско управување. Авиони на „Малезија Ерлајнс“ во изминатиот период ја погодија две катастрофални несреќи и неколку помали инциденти.
Авионот на летот МХ198 за Хидерабад, Индија, се вратил и без проблеми слетал во Куала Лумпур рано утрово, цели четири часа по олетувањето од малезискиот главен град, објави авиокомпанијата.
Дефектот утврден на авионот Боинг 737-800 „не ја загрози безбедноста на авионот и патниците“, се истакнува во сопштението. Сепак, пилотот одлучил да се врати. Летот е одложен за попладнево.
„Малезија ерлајнс“ во последните месеци имаше две големи несреќи. Авионот на летот МХ 370 исчезна на 8 март кратко по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг со 239 патници и членови на екипажот. Тој авион уште не е пронајден. Вториот Боинг од таа компанија на летот од Амстердам за Куала Лумпур, беше соборен над источна Украина, во регионот каде што војуваат украинската војска и проруските сепаратисти, кои меѓусебно се обвинуваат за инцидентот. Во авионот загинаа 298 патници и членови на екипажот, од кои 193 холандски државјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.