| четврток, 6 декември 2018 |

Шоу на Металург, Раднички поразен со 35-22

Ракометарите на Металург приредија вистинско шоу и со 13 гола разлика го победија Раднички во меч од СЕХА лигата. Што е уште позначајно за македонскиот шампион победата е забележана со млади сили, на кои Лино Червар им даде можност да се истакнат во Лигата која е како создадена за промоција на млади ракометари.

Дејан Манасков кој веќе е ракометна ѕвезда во светски рамки беше најефикасен кај победникот со 9 гола постигнати од 9 обиди што е максимален ефект. Марсениќ и Ѓукиќ кои ја играат првата сезона за Металург беа одлични и постигнаа по 5 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top