Атлетико Мадрид повторно му зеде мерка на европскиот првак и голем градски ривал Реал Мадрид и го победи со 2-1 во дербито на Шпанија играно вечерва.
Тијаго и Арда Туран со по еден гол скроија значајна победа за популарните „јорганџии“, кои по вторпат за кус рок го надиграа кралскиот клуб. Пред еден месец во шпанскиот Суперкуп, тие беа подобри од Реал, а сега пак го совладаа на неговиот стадион „Сантијаго Бернабе“. Стрелец за Реал беше Кристијано Роналдо во 26 минута, гол со кој Португалецот израмни на 1-1. По 3 кола Барселона е лидер со бода, Атлетико има 7, а Реасл само 3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


