| четврток, 6 декември 2018 |

Страшна несреќа на Ник Хајфилд (ВИДЕО)

Првата трка во Формула Е, новото првенство од серијата со болиди на струја во Пекинг, ја засени тешката несреќа на Ник Хајдфелд, поранешен Ф1 возач.

formula-500

-Само да ви јавам дека се е во ред. Добро сум, физички, но требаше да го освојам првото место. Сега немам ништо, напиша Ник Хајдфелд (37) на својот Твитер профил по трката.

Во страотниот судир поранешниот Ф1 возач остана неповреден. Николас Прост во последниот круг го „закачи“ Хајдфелд што беше причина за несреќата, која помина без жртви.

Инаку, Формула Е е ново првенство од серијата на болиди со електричен погон. Премиерата се случи во Пекинг, а победи Бразилецот Лукас ди Гарсија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top