Триесет и едно годишна Русинка скокнала од 13-ти кат од станбена зграда во Москва и паднала врз автомобил „мерцедес“ и верувале или не успеала да остане жива. Лекарите од Брзата помош биле вчудоневидени бидејќи кога пристигнале таа била свесна и побарала само чаша вода.
– Се враќав од продавница кога слушнав страшен удар зад себе. Се свртев и видов жена која лежеше врз смачканиот автомобил, изјавил очевидецот кој ја повикал и брзата помош. Тој додава и дека жената станала и сите ги шокирала кога побарала чаша вода иако паднала од таа висина.
Светлана се одлучила на ваков чекор поради невозвратена љубов. Нејзиниот долгогодишен љубовник одбил да ја остави сопругата, по што таа решила да се самоубие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)
-
Охриѓанец е осомничен за вчерашното убиство во Велгошти
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките



