| четврток, 6 декември 2018 |

МВР со нови кривични во акцијата „Гора“

Министерствто за внатрешни работи денес ќе информира за нови пријави во рамки на акцијата “Гора“.

Инаку, оперативната акција “Гора“ почна пред две недели и е насочена кон сузбивање на криминалот поврзан со нелегална сеча на дрва, пустошење шуми и нелегална трговија со дрвна маса,

Од крајот на јуни годинава до сега запленети се над 1.000 кубни метри огровно дрво, или по три камиона дневно. Извршени се контроли во 245 легални складови за огревно дрво ширум земјата при што 49 складови се затворени.

А, исто така, извршена е контрола на 31 правно лице лиценцирани за издавање одобренија за сеча на приватна шума, при што кај 21 субјект биле утврдени неправилности во работењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top