| четврток, 6 декември 2018 |

Роаминг ќе има, но со драстично намалени цени

Иако првичната идеа беше договор помеѓу земјите од Балканот, сличен како оној на Европската Унија, односно, граѓаните од Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, БиХ и Турција да разговараат меѓу себе без роаминг, операторите одлучија поинаку.

Роаминг ќе има, но со драстично пониски и изедначени цени.

Од 2015 наместо за 150-тина денари, минута разговор преку мобилен од Турција ќе чини 11 денари. Поефинуваат разговорите, СМС пораките, драстично пониски цени и за мобилниот интернет. До крајот на месецов Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Турција треба да стават потпис на договорот.

– Сакаме цените да бидат усогласени со цените коишто моментално се предвидени во роаминг регулативата на Европската комисија, односно тие да изнесуваат за една минута разгвор во роаминг не повеќе од 11 денари, за еден СМС не повеќе од 3,5 денари и за еден мегабајт интернет во роаминг да не изнесува повеќе од 12 денаривели за МТВ Владимир Ристевски до Агенцијата за електронски комуникации.

Граѓаните од Македонија сега плаќаат пет пати повисоки цени во за мобилна телефонија во странство, за интернет 30 пати повеќе од Европејците. Со новата роаминг регулација цените ќе паднат и до педесетина насто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top