A. 1 (еден) работник со VII/1 степен ВСП, на работно место самостоен стручен соработник, со најмалку 1 (една) година работно искуство и работа на компјутер
– Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно редовно работно време од 40 часа (5 пет работни дена во неделата).
– Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8,30 часот а завршува во 16,30 часот.
– Основната плата за работното место изнесува 34.832,00 денари.
Сите кандидати греба да ги достават следните документи:
– Молба со кратка биографија;
– Копија од лична карта;
– Уверение (Диплома) за завршено образование;
– Уверение (Диплома) за познавање на работа на компјутер
– Доказ за работно искуство.
Заинтересираните кандидати, молбата заедно со доказите за исполнување на условите по овој оглас можат да ги достават во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот, непосредно до архивата на Централниот регистар на Република Македонија, бул. Кузман Јосифовски Питу број 1, телефон за контакт 3 288 100, лице за контакт Андријана Анастасовска Китанова или по пошта.
Централниот регистар на Република Македонија изборот ќе го изврши во рок до 45 (четириесет и пет) работни дена по истекот на рокот за пријавување, а доколку има повеќе од 200 пријавени изборот ќе се изврши согласно законски утврдените рокови.
Некомплетните и неблаговремено поднесените молби нема да се разгледуваат.
Централен регистар
на Република Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


