Ѕвездата на Голден стејт, Стеф Кари остро го нападна новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп.
Со доаѓањето на претседателската функција, Трамп се одлучи за неколку неверојатни одлуки за САД, меѓу кои е и онаа за забрана за влез на муслимани во земјата. Неговите потези ги пофали извршниот директор на произведувачот на спортска опрема, „Андер aрмор“, Кевин Планк, поздравувајќи ги тие одлуки и нарекувајќи го вистински „газда“. Но, Планк веднаш доби одговор од првата ѕвезда на овој произведувач, Стеф Кари.
Кошаркарот на Голден стејт ја коментираше оваа изјава на Кевин Планк, и добро го навреди американскиот претседател…
– Се согласувам со описот на Доналд Трамп, но ако од тој збор газда го избришете она „да“ – рече Кари.
Стеф Кари не е единствен спортист кој има лошо мислење за Трамп. Како никогаш досега во историјата бројни јавни личности се одлучуваат на критика на актуелниот претседател. Има многумина кои постојано го критикуваат, кој очигледно ги „губи конците“ уште на почетокот од својот мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.