Томислав Јотовски го доби македонското тениско дерби против Димитар Грабул со 2-1 во сетови на турнирот во Суботица и ќе игра во полуфиналето. Со 6-4, 0-6, 6-2 помладиот од двајцата најдоброрангирани наши тенисери славеше победа за пробив во завршницата и дуел против домашниот тенисер Илија Вучиќ.
Турнирот се игра на земјена подлога и е со награден фонд од 10 илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


