Специјализираниот ракометен портал „Хандбал планет“ ја објави листата на ТОП 30 трансфери ова лето во светот. Од четирите трансфери што ги направи најтрофејниот македонски ракометен клуб, дури три се најдоа меѓу најдобрите. Највисоко на оваа листа е Арпад Штербик (Барселона – Вардар) кој се најде на четвртата позиција, трансферот на Горбок (Рајн Некар – Вардар) е на десетото место, додека ангажманот на Лацковиќ (Хамбург – Вардар) е дваесетти.
На врвот на листата се најде најдобриот ракометар за 2013 година Домагој Дувњак, кој дресот на Хамбург го замени со тој на актуелниот освојувач на Бундеслигата Кил. На триесеттата позиција се најде македонскиот репрезентативец Борко Ристовски, кој ова лето од екипата на Ал Ахли се пресели во новиот француски прволигаш Кретил.
ТОП 30 трансфери:
1. Домагој Дувњак (Хамбург – Кил)
2.Тери Омејер (Монпелје – ПСЖ)
3.Гудјон Валург Сигурдсон (Кил – Барселона)
4.Арпад Штербик (Барселон – Вардар)
5.Кристијан Цајц (Кил – Веспрем)
6. Гаспер Маргуч (Целје – Веспрем)
7.Хуан Кенелас (Хамбург – Кил)
8.Стефан Вајнхолед (Флензбург – Кил)
9.Вилијам Акамбре (Монпелје – ПСЖ)
10.Сергеј Горбок (Рајн Некар – Вардар)
11.Роланд Миклер (Пик Сегед – Веспрем)
12. Андреас Нилсен (Хамбург – Веспрем)
13.Мадс Ларсен Менса (Алборг – Рајн Некар )
14.Петар Ненадиќ (Висла Плок – Фуксе Берлин)
15.Харалд Реинкинд ( Флинген – Рајн Некар)
16.Алберто Рокас (Колдинг – Ла Риоха)
17.Никола Манојловиќ (Рајн Некар – Мешков Брест)
18.Сандер Сагосен (Хаслум – Алборг)
19.Михаел Кнудсен (Флензбург – Силкеборг)
20.Блаженко Лацковиќ (Хамбург – Вардар)
21.Марин Шего (Висла Плок – Кјелце)
22.Жарко Марковиќ (Веспрем – Еј Џаиш)
23.Ваел Џалуз (Кил – Барселона)
24.Кевин Њокас (Шамбери – Гепинген)
25.Пиотр Взомирски (Цургои – Пик Сегед)
26.Тиаго Роха (Порто – Висла Плок)
27.Јакоб Багерстед (Алборг – Магдебург)
28.Нандор Фазекаш (Веспрем – Ел Џаиш)
29.Јаник Грин (Силкеборг – Магдебург)
30.Борко Ристовски (Ал Ахли – Кретил)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.