По пауза од речиси една година и повеќе најави за враќање на охридските актери на „штиците што значат живот“ тоа наскоро и конечно ќе се случи. Раководителот на „Охридскиот народен театар“ и актер Горан Стојановски ексклузивно за „Охрид1“ најавува дека театарскиот ансамбл интензивно работи дури на да засебни проекти.
„Во основа во моментов започнат е процесот на работа на две театарски претстави. „Пат околу светот со тротинет “ наменета за детската публика во режија на Драгана Таневски која очекуваме до крајот на септември да биде премиерно изведена а другиот проект е „Детектор за лаги“ во режија на Ненад Витанов премиерата очекуваме да се случи во средината на октомври. Така со почетокот на идниот месец театарот би го започнал својот залет со редовен репертоар.Во план ни е обновата на претставата „Емигранти“ од Мрожек во режија на Ирена Стеријоска која реално е помалку одиграна на сцената на нашиот театар. Планираме тоа да се случи и со нашата премиера од минатогодишното „Охридско лето“ „Сон на летната ноќ“ од Шекспир, но нејзиното враќање зависи од ангажманите на хрватскиот режисер Иван Лео – Лемо. Ќе чекаме можност кога тој ќе е послободен за заедно да ја реанимираме претставата,“ вели Стојановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Стаклена менажерија“ премиерно во Охридски театар
-
На 15 декември повторна изведба на хит претставата „Аналфабет“ во Охридскиот театар
-
Разрешен Горан Стојановски, в.д. директор на НУ Центар за култура-Охрид е Стрезо Стаматовски
-
„Дениција“ на Охридскиот театар во Париз најавена како „Љубовен Молотов коктел од Македонија“


